| четврток, 6 декември 2018 |

Бикот не ја трпи Скорпијата, а Лавот, пак, Водолијата – знаци што не можат да се поднесат меѓу себе

150973515

Овен – Вага

Овенот секогаш ќе ја води нерешителната Вага. Тој се смирува со нејзината рамнотежа и учи за дипломатските односи и правила. Проблемот може да настане кога Овенот е во фаза на акција, а Вагата тежи кон мир и блага пасивност. Тогаш е неопходен компромис. Добро е што Овенот е секогаш подготвен на нешто ново, а Вагата е приспособлива, па само со ваков став ќе може да опстојат.

Бик – Скорпија

Ова е прилично еротична комбинација затоа што и двајцата сакаат да уживаат во животот и љубовта. Сензуални се и секогаш се сложуваат во сексот, а проблемот може да се јави кога и двајцата ќе ја покажат отворено својата посесивност и љубомора. Доколку пронајдат пристојно решение, врската може да опстои. Главната разлика се наоѓа во темпераментот.

Близнаци – Стрелец

Овие два знаци може да опстојат само ако некаде отпатуваат заедно. Близнакот ќе зборува постојано, а Стрелецот филозофски ќе размислува. Двајцата се отворени и друштвени, а проблемот може да настане затоа што Близнакот е приземен знак, додека Стрелецот сака да лета високо. Токму затоа повеќето врски се осудени на пропаст.

Рак – Јарец

Ова е длабока и искрена врска. И двата знаци се амбициозни, но Ракот е популарен повеќе од Јарецот. Овој пар тежнее кон семејство и дом, па додека Јарецот работи и заработува, Ракот ја создава емотивната страна. Проблемот може да се јави во периодот кога Јарецот ќе биде успешен и ќе се сврти исклучиво кон својата кариера, додека Ракот очекува нешто повеќе на приватно поле.

Лав – Водолија

Ова е идеален пар за сите видови на забава. Лавот обожава публика, а Водолијата секогаш има оригинални идеи. Тие привлекуваат внимание и идеални се за дружба. Лавот сака деца, а Водолијата сака да биде слободна. Тука може да настане голем проблем, кога Лавот ќе се обиде да ги наметне своите принципи. Водолијата може да игнорира одредено време, а потоа да се препушти на тоталната слобода во која ужива.

Девица – Риби

Ова е врска во која има постојано надмудрување. И двата знаци се интелектуални типови, а може да имаат нерасчистени и нејасни цели заради тоа што немаат доволно храброст. И додека Девицата сака сè што е уредно, кај Рибите е обратно. Не е ни чудо што оваа љубовна врска постојано се справува со ситни кавги и несогласувања. Рутините за Рибите се неподносливи, додека Девицата го сака деталниот план на животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top