Седумдесет и деветгодишната Нафије М. од Струга е жената што синоќа го загуби животот по удар од автобус на магистралниот пат Ќафасан – Струга во близина на населбата Мислешевски пат.
– Сообраќајната незгода се случила во момент на непрописно преминување на коловозот од починатата и неприспособена брзина на условите на патот со која се движел автобус „мерцедес“ со гостиварски регистарски таблички сопственост на „Дурмо турс“, а управуван од Г.Д. (48) од Гостивар, инфомира денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Тој појасни дека во моментот на непрописното преминување на коловозот Нафије М. била удрена со предниот дел од автобусот, кој на патот се движел во правец од Струга кон селото Подмолје.
На местото на незгодата извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Струга, како и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај-Струга.
За време на увидот, магистралниот пат не беше запрен за сообраќај, односно сообраќајот се одвиваше со пренасочување на околните улици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.