Сирискиот археолог Халед Асад, кој со децении го истражуваше археолошкиот локалитет Палмира, е ликвидиран од џихадистите на Исламска држава (ИД).
Асад бил грабнат и одведен како заробеник од припадниците на оваа милитантна сунитска група, пред неколку месеци, кога ИД го зазеде овој археолошки локалитет.
Директорот на истражувачките работи во Палмира, Мамум Абдулкарим изјави дека семејството на 82-годишниот научник, било известено дека џихадистите го убиле со отсекување на главата.
Според Абдулкарим, џихадистите на ИД, го обесиле подоцна обезглавеното тело на археологот Асад, на еден столб на главниот плоштад на овој антички град.
Палмира важи за античкиот бисер на Блискиот Исток и се наоѓа под заштита на УНЕСКО, како еден од локалитетите на светското културно наследство.
Убиениот Халед Асад повеќе од 50 години работеше на ископините од античкиот локалитет, што џихадистите го презедоа од армиските сили на Сирија.
Исламска држава контролора голема територија од Сирија и од Ирак на која прогласи „калифат“. Припадниците на групата ги уништуваат античките споменици на сириската и ирачката територија, но засега не е познато каква е ситуацијата во Палмира.
Сириските владини трупи, на неколкупати се обидоа да ја вратат контролата врз овој локалитет и во преземните операции се развија жестоки борби во околните градови, но џихадистите и понатаму го имаат окупирано ова место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст