| четврток, 6 декември 2018 |

Прскање против комарци во Скопје

На територијата на Град Скопје следниот викенд ќе биде извршено четвртото авионско прскање против комарци.

Како што информираат од Град Скопје, аеросолната дезинсекција (авионска) против комарци, ќе се одвива на 22 и 23 август во период од 5.30 до 8 часот. Терестрична дезинсекција, пак, ќе биде спроведена од 23 до 27 август (од недела до четврток), во период од 23 до 4 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не дозволуваат, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Од Град Скопје ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top