| четврток, 6 декември 2018 |

Трите големи банки на Кипар почнуваат со распродажба на имоти на должници

кипар

Трите големи кипарски банки Банката на Кипар, Грчката банка и Кооперативната банка почнале со испраќање предупредувачки писма за распродажба на имот на должници, кои земале хипотекарни кредити што не се сервисираат, јавуваат медиумите во Никозија.

Кооперативната банка на островот објави дека испратила 300 писма за хипотекарни недвижности, за кои има дадено кредити во висина од 75 милиони евра.

Во согласност  со законот од распродажба се исклучени првите домови на должниците и имоти што припаѓаат на социјално слаби лица.

Банката на Кипар предупредила 25 должници, кои земале кредити за трговски имоти во вредност од 84,9 милиони евра.

Грчката банка соопшти дека првично ќе изврши распродажба на имот, за кој има добиено судски решенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top