Велат дека ѕвездите имаат влијание врз целокупното наше однесување, навики и животни ситуации. Во нив е запишан и начинот на кој тие хороскопските знаци прекинуваат љубовна врска.
Овенот чека да „пукне“
Припадниците на овој хороскопски знак не умеат уверливо да лажат и тешко можат да ја скријат својата намера да ја прекинат врската. Првиот знак кој води кон тоа е губење на интересот за излегување од дома, а за сето тоа време денот го поминуваат пред ТВ или компјутер. Сепак, ако сами не инсистирате за разговор, тие нема да преземат иницијатива за да го започнат, туку ќе ја чекаат првата расправија да го нарават тоа.
Бикот престанува да се грижи за себе
Кога Бикот, кој вообичаено сака да се дотерува и разубавува, одеднаш го занемарува својот изглед и делува безволно дава знак дека е време за паника. Тој нема да ги избегнува излегувањата со партнерот, но ќе избегнува нежности и ќе биде незаинтересиран во секој разговор.
Близнаците стануваат молчеливи
Освен што помалку време ќе поминуваат со партнерот и нема да измислуваат никакви изговори за тоа, припадниците на овој знак својата намера за прекин на врската ќе ја најават со молчење, а не со зборови. Познати се по тоа што можат да разговараат на било која тема, а кога сакаат да раскинат немаат волја за никакви разговори. Сексот можеби сеуште ќе функционира, но нема да постои блискост.
Ракот губи апетит
Во сите тешки животни моменти, па и во одлуката за раскинување, Раковите се чувствуваат лошо. Нивната психичка состојба се одразува и врз апетитот и на изразот на лицето. Тие не би можеле да ја скријат ниту тагата поради неуспешниот љубовен однсо, ќе се лутат на секоја ситница и на тој начин ќе го најават прекинот.
Лавот го пренасочува своето внимание
Недоверливост, прикривање и игнорирање се дел од тактиките со кои Лавот ја води врскатра кон крај. Дури и кога потполно губи интерес за партнерот, Лавот тешко ја поднесува улогата да биде тој оној кој ќе скрши нечие срце, и понатаму ќе се труди. Откако ќе биде приморан да ја каже вистината, Лавот му дава до знаење на партнерот дека секогаш ќе му значи.
Девицата има физички симптоми
Девицата сака ред во својот живот, па така е и со односите. Тешко поднесува промени и не сака да настане хаос кога се прекинува врска. Поради тоа е вознемирена, склона кон разболување, а на предлозите за излегување одговара дека има главоболка или кориси некои други изговори. На тој начин му дава до знаење на партнерот што сака, но сепак чека другата страна да преземе иницијатива и да стави крај.
Вагата тешко може да се забележи
Припадниците на овој знак, кога се во љубовен хаос остануваат рационални, бидејќи претходно со денови и ноќи размислуваат како да го изведат раскинувањето. Тие го уверуваат партнерот дека сè е во ред и дека нема проблеми, но ако внимателно ги слушате нивните зборови ќе забележите дека говорат како сè во животот има свој крај.
Скорпијата ја префрла вината на партнерот
Сè почестите караници во кои Скорпијата ја префрла вината на својот партнер е знак дека сака да стави крај. Стануваат безобразни, нивните шеги сурови, а со помош на себичното однесување сакаат да се оддалечат од својот партнер како не би морале да се соочуваат со неговата тага.
Стрелецот не може да премолчи
Тактичност и мудрото молчење не се карактеристики на Стрелецот кој размислува за прекин. Одеднаш со секое свое дело покажува дека во иднината се гледа без Вас. Тој верува дека брзите потези помалку болат.
Јарецот одолговлекува бидејќи чувствува должност
Припадниците на овој знак одеднаш остануваат прекувремено на работа и имаат многу обврски. Тоа може да потрае и подолго, бидејќи сакаат да бидат сигурни во својата одлука. Откако вистината ќе излезе на виделина, за прекинот ќе разговараат со денови, но нема да се предомислат.
Водолијата едноставно ќе „исчезне“
Емотивното и физичко повлекување од врската се главни тактики на овој знак кој сака да ја прекине врската, но не знае како да го стори тоа. Нив ги заморува претераното филозофирање за тоа која е причината за таквата ситуација.
Рибите ќе лажат додека можат
Рибите се чувствителни кога станува збор за туѓите потреби, па намерата да ја прекинат врската ќе ја прикриваат со лаги. Нив би им било многу полесно ако другата страна сфати дека нивната врска нема иднина и стави крај на истата. Ако тоа не се случи подолго време, ќе покажат дека не им е грижа за партнерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.