| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџер фатен како краде артефакт од Помпеја, сакал да си купи нов „Ајфон“

помпеја

Холандски тинејџер е фатен во текот на кражба на артефакт од античкиот град во Помпеја.

Според пишувањето на италијанскиот весник „Ил Маттино“, американски турист забележал како 16-годишниот Холанѓанец од објектот на кој се во моментов се изведуваат реставраторски работи краде римски цреп и како го става во својот ранац.

За среќа, полицијата брзо реагирала и сторителот веднаш бил фатен.

Подоцна, при распитот, наводно  момчето изјавило дека црепот сакал да го проде на сајтот иБеј за да си го купи најновиот модел на „Ајфон“, но стручњаците наведуваат дека многу ќе се разочарал кога ќе видел колку предметот навистина вреди.

-Едноставните плочки од теракота имаат толку мала вредност што дури и не се тргува со нив – изјави Карол Елена, трговец со артефакти.

– Со оглед на тоа што црепот е од Помпеја, неговото потекло можело да му понуди дополнителна вредност, па би достигнал цена од некои 400 евра…но факт е дека вредноста на овој предмет во историска смисла е непроценлива – додала таа.

И покрај тоа што  артефактот му бил вратен на персоналот, ниту тинејџерот, ниту американскиот турист не можеле да се сетат на неговата првична локација, така што ќе мине некое време пред повторно да биде вратен на своето оригинално место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top