| четврток, 6 декември 2018 |

Поради високи температури починале 106 лица во Египет

бран

Во топлотниот бран кој го зафати Египет од минатата недела починале 106 лица, соопштија здравствените власти.

– Уште осум луѓе починаа вчера – соопшти египетското Министерство за здравство.

Во јужниот дел на Египет оваа недела температурите достигнаа 46 степени Целзиусови, но се во благо опаѓање во северниот дел на земјата.

Се очекува високите температури да се задржат и во следните неколку дена, тврдат метеоролозите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top