Целта на овој летен камп, кој ќе трае до 20 август, е младите да се здобијат вештини и знаења, како и да научат за принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, да ја промовираат интеркултурната комуникација, различните вредности и толеранцијата помеѓу децата и младите од различи култури, како и да работат на промоција на детските права.
Заедничкото живеење, активностите и интеркултурната размена кои се дел од кампот имаат за цел да обезбедат квалитетно интеркултурно искуство на младите. Во рамките на активностите на кампот младите ќе подготват локални кампањи за промовирање на интеркултурната комуникација и детските права во своите градови и училилишта, како и да подготват активности за обележување на Светската недела на детето.
– Учесниците на вториот по ред летен камп, ќе имаат шанса да научат повеќе за детските права и ќе стекнат вештини од областа на интеркултурната комуникација, која претставува клучен процес за создавање соживот со нивните врсници кои доаѓаат од различни култури – вели извршниот директор на СЕГА, Зоран Илиески.
Овие активности се организираат во рамките на проектот „Промовирање на детските права и интеркултурната комуникација“, кој Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува во партнерство со Совет за превенција од малолетничка деликвенција (СППМД) – Кавадарци, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование (МЦГО) – Скопје, Мајка – Куманово, и Центар за едукација и развој – Теарце, а со поддршка на Детската фондација „Песталоци“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.