| четврток, 6 декември 2018 |

Портпаролот на Земан ги критикува оние кои повикаа на солидарност со бегалците

прага
Јиржи Овчачек, портпаролот на чешкиот претседател Милош Земан го критикуваше повикот на стотина чешки академици за толеранција кон бегалците.
Според Овчачек, со нивната петиција се продлабочува јазот меѓу чешките научници и т.н. елита, јави дописникот на МИА од Прага.
– На сите кои живеат во Европа треба да им биде обезбедена безбедност и достоинствен третман- рече Овчачек.
Повикот за солидарност наречен ,,Научниците против стравот и незаинтересираноста” досега е потпишана од над 1.300 луѓе.
Според поранешната претседателка на Чешката Академија на науките, Елена Илнерова, петицијата е една од најкултурните изрази за тоа како треба чешкото општество да се однесува.
– Тоа значи, да ги разбереме странците како луѓе кои имаат свое достоинство. Тоа е општ повик за враќање на хуманоста и солидарноста- рече Илнерова.
Со петицијата, научниците, универзитетските професори и универзитетските работници се оградуваат од порастот на ксенофобијата во чешкото општество.
Тие изразуваат загриженост за активностите на екстремистичките групи, за кој велат дека немаат доволно противтежа.
Научниците ги повикуваат политичарите да посветат должно внимание на примањето бегалци и да не ги искористуваат човечките несреќи за добивање „евтини политички поени”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top