Неколку лица, меѓу кои двајца цивили, беа убиени во судири меѓу украинските владини сили и проруските сепаратисти покрај пристанишниот град Мариупољ изминатите денови.
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска телефонски разговарал со Порошенко за ситуацијата во Украина и спроведувањето на Минската спогодба. Тие се договориле да се сретнат во Брисел до крајот на месецот.
Предвидено е мировниот договор, потпишан во белорускиот главен град во февруари, да биде целосно спроведен до крајот на годината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.