| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарија ангажира неколку илјади полицајци на границата со Србија

унгарија

Унгарската Влада одлучи да ангажира неколку илјади полицајци долж границата на Унгарија со Србија поради контрола на миграцијата, изјави денеска шефот на премиерскиот кабинет Јанош Лазар.

Тој истакна дека пограничните единици ќе работат заедно со полициските сили.

Лазар нагласи и дека унгарската Влада побарала од пратеничките групи на владејачката коалиција Фидес и Демохристијанската партија да покренат постапка за закажување вонредна седница на Парламентот, на која ќе се расправа за амандманот на кривичниот закон, кој се однесува на илегалната миграција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top