| четврток, 6 декември 2018 |

Прва серија кукли со физичка пречка

Кампањата на „Фејсбук“ „Играчка како мене“, со која родителите на децата со одредени физички пречки сакаа на индустријата за играчки да ѝ покажат кого исклучува во своите производи, имаше резултат.
По илјадници обожаватели, слики и твитови, компанијата „Макис“, која произведува играчки, а е специјализирана за тридимензионални кукли, неодамна ја лансира и правата светска серија на кукли со пречки во развојот.

Со традиционалната кукла Барби со долга руса коса, зголемени гради и тенки нозе, ретко кое дете би можело да се поистовети, посебно не тоа што има физички пречки сметаат родителите. И токму затоа, со намера за трансформација на играчките, со цел „подобра презентација на различноста во светот на играчките“, била  покрената и споменатата кампања.
Компанијата „Макис“ на својот блог навела дека била инспирирана од кампањата на „Фејсбук“ што ја почнале две мајки со оштетен слух, кои сакале промена на мејнстрим играчките, со намера да ги направат поинклузивни.

980x1
-Инспирација ни беше кампањата #toylikeme и сликите на рачно модификуваните кукли, како и сопствените фотографии кои луѓето таму ги споделуваа, изјавила Алис Тејлор, извршната директорка на „Маки лаб.
Досега се произведени три кукли со пречки. Едната е со белег на лицето, втората со слушно апаратче, и третата со стапче за одење.

-Станува збор за опција „создај сопствена кукла“, преку која децата и нивните родители може да дизајнираат или да нарачаат тип на играчка преку страницата mymakie.com. Секоја кукла е единствена и посебна, и секогаш имаме предвид неколку посебни барања и желби – изјавила Џен Болтон, директорка на комуникацискиот оддел.
Оваа компанија продолжува со ширење на понудата, а иницијаторите на кампањата ги повикуваат и другите слични компании, како „Лего“, „Плејмобил“, „Мател“, „Барби“ и други, да им се придружат во остварувањето на заедничката цел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top