Вкупно 4.622 лица се вработени преку проектот „Македонија вработува“ заклучно со минатиот петок. Значајно е тоа што имаме вработувања од сите категории, односно околу 2.000 лица се млади до 35 години, а од друга страна ангажирани се околу 1.000 лица над 50 години, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Одговарајќи на новинарско прашање, вицепремиерот Ставрески нагласи дека од оние што се вработени со над 50 години, околу 250 лица се над 58-годишна возраст.
– Тие лица никогаш немаше да бидат ангажирани од страна на фирмите доколку не беше овој владин проект. Затоа, задоволство е за Владата кога одредена мерка ќе резултира на ваков начин, односно ќе овозможи вработување на луѓе и решавање на животното прашање на голем број граѓани – истакна Ставрески по почетокот на реконструкцијата на улицата „Прашка“ во општина Карпош.
Тој оцени дека овој владин проект наидува и на одличен интерес од страна на работодавачите бидејќи, како што рече, им овозможува голема заштеда затоа што може да ангажираат лица, а притоа да не ги плаќаат придонесите за здравствено и за пензиско осигурување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст