| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец прегазил газдарица на маркет во Охрид

Триесет и осумгодишниот скопјанец С.Р. е во триесетдневен притвор затоа што е осомничен дека на 7 август, заедно со една, засега непозната жена, скршиле двата катинари од метална решетка поставена на влезната врата од продавницата „Заум пром-Маргарите“ во Охрид, на улицата Јане Сандански и ја ограбиле.
policija

Настанот се случил во 3.30 часот, кога двајцата, со „фолксваген-пасат“ со скопски регистарски таблички пристигнале пред продавницата, насилно влегле во неа и украле од касата 1.500 денари. Потоа од работните сталажи одзеле разновидни марки цигари и ги ставиле во најлонски црни кеси, кои ги имале со себе.

За кратко време, кон продавницата се упатила сопственичката која претходно билa од граѓанин известена за кражбата. Забележувајќи ја сопственичката и оставајќи ја најлон кесата, двајцата влегле во возилото и избегале. При паничен маневар со возилото, крадецот со задниот дел од автомобилот ја удрил сопственичката на продавницата и ѝ нанел телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top