| четврток, 6 декември 2018 |

Почна полагањето државна матура за учениците од стручните училишта од североисточниот регион

maturanti testПочна полагањето на државната матура за учениците од средните општински училишта и гимназиите во августовската сесија. Во просториите на средното стручно училиште „Перо Наков“, мајчин јазик денеска полагаат учениците од кумановските средни стручни училишта и од училиштето „Исмет Јашари“ од Липково и „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка.

-Сѐ е подготвено за августовската испитна сесија. Тука се претставници од просветниот инспекторат, од Бирото за развој на образованието, тестатори. Нудиме одлични просторни услови за полагањето на државната матура. Денеска се полага мајчин јазик, утре ќе се полага странски јазик, задутре математика и последниот ден учениците ќе полагаат изборен предмет – изјави директорката на средното стручно училиште „Перо Наков“, Лидија Тасевска.

Резултатите од полгањето на државната матура ќе бидат објавени идната недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top