| четврток, 6 декември 2018 |

Одбојкарите се искачија за едно место на најновата листа на ЦЕВ

Одличните настапи на македонската одбојкарска репрезентација во Европскат лига ова лето овозможија нашиот национален состав да скокне едно место на најновата ранг-листа на ЦЕВ.
Европската одбојкарска федерација вчера ја објави најновата листа по завршените настапи на репрезентациите на сите големи натпреварувања ова лето. Нашата селекција од досегашното 20. место сега се наоѓа на 19. позиција во Европа.

Добрите игри и пласманот во финалето од Европската придонесе „црвено-жолтите“ да ја минат Црна Гора, која не се прослави при овогодинешниот настап во Светската лига.

Само едно место пред Македонија се наоѓа селекцијата на Грција, додека Словенија и покрај титулата во Европската лига остана на 11. позиција. На врвот на оваа ранг-листа се уште се наоѓаат одбојкарите на Русија, пред Србија, Полска и Бугарија, додека Италија забележа пад од три места и „аѕурите“ сега важат за петта европска одбојкарска велесила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top