Основачот на социјалната мрежа„ Фејсбук“, Марк Цукерберг неодамна доживеа мала непријатност кога му беше поставено прашањето зошто постојано носи иста сива маица.
Цукерберг на тоа само се насмевна, а вниманието го пренасочи на Шерил Сендберг, која потврди дека нејзиниот шеф има повеќе такви исти маици.
Марк на крајот додаде дека изборот на облека е нешто на што не сака да губи премногу енергија.
-Навистина сакам да го исчистам својот живот на тој начин што носам што помалку одлуки неврзани за што подобро служење на оваа заедница – одговори Цукерберг.
Цукерберг не е осамен во таа идеја, бидејќи за голем број на успешни луѓе модата е небитна.
Стив Џобс – црна ролка, фармерки и патики
Барак Обама – сино или сиво одело
Aлберт Анштајн – полн плакар иста облека, во последните години само елеци
Дин Камен – фармерски кошула и пантолони, чизми
Карл Лагерфилд – црно одело, бела кошула, очила, ракавици
Кристофер Нолан – црно одело, елек, сина кошула
Елизабет Холмс – црна ролка и црно сако
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кејт и Дајана – модни близначки (видео)
-
Како да се облечете за Нова година: Девиците подалеку од жолто, Близнаците никако во сино
-
Распродажба: Жени во бурки од Саудиска Арабија се тепаат за облека (видео)
-
Облеката и среќата: Ако облечете нешто наопаку, следува изненадување, а носењето облека со точки носи богатство…