Дијаспората е нераскинлив дел од македонското ткиво и силен поддржувач на државата. Треба да остане правото на глас и на избор на нивни пратеници во Парламентот, бидејќи тоа е симболичен гест на државата за да се оддолжи за нивната поддршка и да се слушне нивниот глас во Парламентот, смета премиерот Никола Груевски.
– Без оглед на причините поради кои се иселиле од Македонија, најголемиот дел од нив со душа и срце ѝ помагаат на Македонија, ги следат настаните во Македонија, придонесуваат за развојот на Македонија. Оттука, би апелирал до сите политички партии да не се ускратува можноста не само на глас на дијаспората, туку и на нивни пратеници – рече премиерот Груевски во одговор на новинарско прашање по посетата на ОУ „Никола Петров Русински“ во населено место Русиново, Беровско..
Тоа, нагласи, ќе значи дека ние, овдешните политички чинители сакаме да го тргнеме нивното мислење, да не се почитува и да не се слушне во Парламентот.
– Она што во изминатиот период се предлагаше беше не да се укине гласањето на дијаспората, туку да се направат такви законски измени со коишто дијаспората ќе има еден или ниеден пратеник. Доколку опозицијата или која било партија има забелешки на изборниот процес и неправилности во изборниот процес, ние сме целосно отворени да ги разгледаме, да промениме нешто, да подобриме, да надградиме, но не и да се направат закони со кои де јуре дијаспората ќе има три пратеници, но де факто во реалноста кога ќе дојдат изборите, ќе има еден или ниеден пратеник. Такво нешто не е фер кон луѓето во дијаспората. Тоа е на некој начин работење зад грб на дијаспората – прецизира премиерот.
Според него, да се бара во дијаспората да гласаат седум, осум до девет илјади луѓе за избор на пратеник не е коректно, бидејќи тие не се во иста ситуација како домашните гласачи.
– Јас или господинот Заев и кој било друг политичар во Македонија или кој било граѓанин во Македонија, гласаме во нашата улица или во соседната улица. Тие луѓе во најдобар случај патуваат од 10 до 15 километри, а најчесто по 100, 200, 300, 500 километри, а некогаш и по 1000 километри за да гласаат и нормално е дека таму гласањето е со помал број на гласачи, но она што е важно е дека на секои избори одѕивот и интересот на гласачите во дијаспората расте. Треба да се остави таа шанса што ја имаат, да не се прават законски акробации со кои де факто ќе им се одземе пратеникот, туку да се даде шанса да се вложат напори бројот на гласачите од нивна страна да расте и да се слушне нивниот став со нивен пратеник оттаму во Парламентот на Македонија – рече Груевски.
Тоа, потенцира, е најмалку што можеме да им возвратиме и е симболичен гест на државата да ѝ овозможи на дијаспората да има свој претставник во Парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст