Еден од републиканските претенденти за иден претседател на САД, милијардерот Доналд Трамп, изјави дека тој се злага за укинување на сегашното право на американско државјанство, што по автоматизам следува за децата родени во САД.
Според американскиот Устав, сите деца родени на територијата на САД, дури и ако нивните родители се илегални емигранти, добиваат државјанство. Трамп сега тврди дека таквата одредба во Уставот треба да се укине, оставајќи ја можноста, семејствата, чии деца се родени на американска територија, да можат подоцна да се вратат во САД, доколу владата оцени дека тоа го заслужуваат.
Емигрантите и емигрантското прашање преовладуваат во кампањата на Трамп, а неговиот сегашен рејтинг покажува дека позициите што тој ги има околу емиграцијата им се прифатливи на домашните гласачи.
Тој смета дека треба да се зголеми таксата за добивање американска виза, а средствата што би се собрале од тоа, да се употребат за продолжување на изградбата на оградата на границата меѓу САД и Мексико.
– Мора да се запре бегалскиот бран и тие луѓе мора да си заминат од САД, изјави Трамп за „Ен-би-си“.
Во изјавата за оваа американска телевизија, Трамп вели дека острата антиемигрантска политика е повеќе од потребна, затоа што, како што тврди, конечно е докажано дека криминалот е поврзан со емигрантите кои живеат илегално во САД.
Доналд Трамп, кој засега води меѓу републиканските претенденти за номинација за претседателските избори во 2016 година, заговара депортација на сите оние кои немаат регулиран статус во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст