Пригодна свеченост по повод 18 Август – Денот на АРМ денеска ќе се оддржи пред зградата на Министерството за одбрана и ГШ на АРМ.
На свеченоста предвидено е присуство на претседателот на Република Македонија и Врховен командант Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, министерот за одбрана Зоран Јолевски, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, како и министри во Владата, пратеници во Собранието на Република Македонија, амбасадорите и воените аташеа акредитирани во Република Македонија, и други гости.
Според протоколот на свеченоста, предвидено е со пригоден говор на присутните ќе им се обратат претседателот Иванов и министерот за одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.