Работната група за имплементација на договорот од Пржино од 2 јуни годинава ја заврши денешната рунда преговори, прва по двонеделниот одмор.
На состанокот присуствуваа Никола Попоски и Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Цветанка Иванова и Дамјан Манчевски од СДСМ, Муса Џафери и Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.
На дневен ред на средбата беа измените на Изборниот законик, прочистувањето на Избирачкиот список, гласњето на дијаспората, и надлежноста на Државната изборна комисија, а како олеснувач на разговорите беше присутен Питер ван Хојт од Белгија.
По завршувањето на состанокот ниту еден од претставниците на раговорите не даде изјава за медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент