| четврток, 6 декември 2018 |

Шестгодишно дете во Франција ќе добие протеза на раката отпечатена на 3Д печатар

рака
Шестгодишно дете во Франција ќе добие протеза на раката отпечатена на печатар 3Д, јавува дописникот на МИА од Париз.Максанс има шест години и е како секое друго дете, единствената разлика е тоа што тој  е роден без десната рака. Од своетот раѓање, неговите родители одлучија да не му ставаат медицинска протеза. Но од денеска 17 август, тој ќе биде првото француско дете кое ќе биде опремено со протеза изработена со печатар 3Д.

Максанс нема да биде изложен ниту на пресадување, ниту на операција, неговата протеза ќе биде прицврстена, објаснува неговата мајка Виржини Контежал. Раката ќе биде обоена во бојата која ја избра самиот Максанс, со едно големо М, за „Супер Макс“ – супер-херојот, која ќе може да ја извади самиот, и да им ја покажува на своите другари на училиште, објаснува таа.

За оваа рака на супер-херојот, родителите на Макс не потрошија ништо, тие поминаа преку американската асоцијација е-Набле (Enabling the future), која им дозволи на многу деца да ја користат оваа нова технологија во англо-саксонските земји. Благодарејќи на печатењето во 3Д, овој тип на протези чини од 50 до 200 евра, според големината на раката. Ако детето ја загуби или скрши, таа лесно може да се замени. Од друга страна, боите и димензиите се менуваат за неколку секунди.

-Од 2013 година, до денес ние испорачавме 2000 раце во 37 земји, пред се за деца но и за возрасни со ампутации во земјите во развој – објаснува Џон Шул основачот на НВО, за весникот „Паризиен“.

Нивните напори беа поздравени од Гугл, кој и додели награда на фондацијата од 600 000 долари, односно 540 000 евра. За да напредне во концепцијата, дистрибуцијата и испораката на протези open-source на ампутирнаи горни членови на телото во 3Д.

Оваа практика на изработка на протези засега е маргинална, но тоа нема да потрае долго. Веќе две асоцијации работат на нови иновации на протези за раката кои можат да се изработат дома. Бионко во Франција и ОпенХард во Велика Британија, кои на интернет веќе имаат поставено упаство за изработка на прототип на електрична рака чии делови ќе можат да бидат отпечатени дома во 3Д.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top