Слепите лица во Македонија од Министерството за труд и социјална политика добија нови помагала – говорни мерачи на шеќер во крвта, притисок, говорни толомери и часовници, часовници на Брајово писмо… кои треба да им го олеснат секојдневниот живот.
– Годинава ќе издвоиме околу еден милион денари за околу 800 примероци на помагала што ќе им користат на членовите на Националниот сојуз на слепи лица. Се работи за говорни мерачи за притисок, за шеќер во крвта, показатели за течност, говорни топломери и часовници, часовници на Брајово писмо, кои треба да им го олеснат животот на слепите лица – рече на денешната промоција министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Како Влада, додаде Спасов, изминатиот период покажавме огромна грижа за лицата со инвалидност. – За сдепите лица го воведовме додатокот за потполно слепило од 7.000 денари месечно кој во моментов го остваруваат над 2.500 лица. Го зголемивме и посебниот додаток за децата со инвалидност за 50 проценти за оние кои имаат самохрани родители и за 25 проценти за семејствата кои се приматели на социјална и постојана парична помош, рече Спасов.
Додаде дека како Министерство и Влада и во иднина ќе продолжат со најразлични мерки да ги подрржуваат и помагаат лицата со инвалидност во Македонија.
Изразувајќи благодарност за помошта што Владата во изминатите години ја дава на лицата со инвалидност претседателот на Националниот сојуз на слепи лица Жарко Селкоски истакна дека за потребите на слепите лица се обезбедени над 1.000 помагала кои, како што рече, им помагаат да се осамостојат.
Додаде дека е планирана е набавка на леќи на слабовидните лица кои ќе им користат за читање, образование и воопшто во секојдневниот живот.
Верувам, посочи Салкоски, дека вакви проекти ќе има и натаму и ќе може да набават уште помагала со кои ќе се олесни животот на слепите и слабовидните лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст