| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку петмина загинати во судир на два мали авиона во Калифорнија

 

судар

Најмалку пет лица се смета дека загинале во судирот на два помали авиона во Калифорнија, во реонот на Сан Диего, соопшти полицијата од овој американски град.

Инцидентот се случил во воздух, над локалните аеродром Браун Филд, а спасувачките екипи што биле итно испратени на местото на судирот јавуваат дека станува збор за „жесток судир“.

Големата сила на судирот се објаснува со тоа што најдените делови од двата авиона се расфрлани на површина од 1,5 километар, а на земјата се најдени многу мали парчиња од леталата.

Според полицијата и аеродромските власти, станува збор за судир на двомоторен авион од типот „Сбрлајнер“ и едномоторна „цесна“ мошне популарна кај Американците, љубители на летањето.

Засега не се знае како дошло до судирот, ниту, пак, за бројот на патниците во двата авиона.

Полицијата не го знае ниту идентитетот на жртвите, но се верува дека меѓу нив има функционери на најголемиот британски военоиндустриски комплекс БАЕ.

Претставник на компанијата во Лондон само потврдиле дека е примена информација за тоа дека нивни вработени, биле во авион, кој во САД имал судир со друго летало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top