Вчера во 16.10 часот на ул.„Лазо Трповски“ во Скопје, возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Ф.(55), удрил во пешак Ариан Р.(27) од Р.Косово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што веднаш бил пренесен во Ургентниот центар за укажување на лекарска помош, каде што во 21.10 часот им подлегнал на повредите.
Од страна на СВР-Скопје е извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.