Шпанскиот клуб Реал Мадрид како се движи крајот на летниот преоден рок, стана активен на пазарот и откако ги договори условите за доведување на Хрватот Матео Ковачиќ од Интер, утринава го продолжи договорот со својот нов капитен Серхио Рамос до 2020 година.
Раководството на „кралевите“ потврди дека Рамос потпишал нов договор кој ќе го задржи на „Сантијаго Бернабеу“ до 2020 година. Тој ќе биде предводник на оваа генерација и во наредниот период.
Рамос ова лето се поврзуваше со транфер во Манчестер Јунајтед по несогласувањата со претседателот Флорентино Перез околу висината на годишната плата и новиот договор. Откако беа испеглани ставовите, тој ќе биде убедливо најпалтениот дефанзивец во светот со годишна заработувачка од девет милиони евра.
Серхио Рамос и Флорентино Перез денеска ќе излезат и на прес – конференција во просториите на „кралскиот клуб“ за да ја официјализираат и пред јавноста новата соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент