Во чест на 83 роденден на тајландската кралица вчера во Бангкок и во повеќето главни градови на провинциите се одржа спектакуларна велосипедска трка во која, официјално, учествувале 295.000 велосипедисти, а според медиумите над 350.000.
Велосипедската манифестација под назив „велосипед за мајката“ во Бангкок во должина од 44 километри ја извозија престолонаследникот Маха Вајаиралонгкорн, водачот на воениот удар, сега премиер, генералот Прајут Кан-ока, повеќето министри, сите поранешни генералии естаблишментот на војската, полицијата и држаната управа. Овојпат свечената кралска и генералска униформа беше заменета со вообичаени спортски дресови и велосипедски кациги на главите.
Покрај тоа што беше своевидна манифестација за изразување на почит кон кралицата и кралското семејство, оваа манифестација ќе влезе и во Гинисовата книга на светски рекорди. До вчера, во оваа „категорија“ рекордер беше Тајван, каде што пред три години за рекордот се изборија 70.000 луѓе кои истовремено возеа велосипеди. Гинисовите судии ќе запишат дека биле избројани 146.000 тајландски велосипедисти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатална грешка: Мислеше дека трката заврши,па славеше медал, a не го истрча последениот круг
-
Утре пренасочување на сообраќајот до Средно Водно поради атлетска трка
-
Во Скопје се трча во сите годишни времиња: Почнува пријавувањето за Скопје трча 10КМ
-
Пред Школка во Градски парк во Скопје хуманитарна трка за деца со Даунов синдром