| четврток, 6 декември 2018 |

Активности за одбележување на Денот на АРМ

арм

Во рамки на одбележување на Денот на АРМ – 18 август денеска началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески ќе се обрати на свеченото постројување на вработените пред зградата на Министерството за одбрана и ГШ на АРМ.

Во присуство на министерот за одбрана Зоран Јолевски, неговиот заменик Иљми Селами, како и заменик-началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, на свеченоста ќе бидат прочитани наредби за унапредување, ќе се врачат плакети, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на МО и ГШ на АРМ по повод Денот на АРМ.

Претходно, министерот Јолевски, началникот на ГШ на АРМ Котески и делегации од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, од Собранието и Владата на Република Македонија, од Сојузот на борците од НОВ, Сојузот на резервните воени старешини и други, ќе положат венци со цвеќе со воени почести на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

Како што е најавено, единицата на артилерискиот баталјон на АРМ по повод Денот на АРМ од скопската касарна „Илинден“ ќе изврши почесна артилериска стрелба на 10 плотуни од артилериски орудија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top