СДСМ не негираше за сопственоста на јахтата на Шеќеринска и со тоа впрочем призна дека јахтата под име Ада е во сопственост на семејството на Шеќеринска. Ваквиот момент е сериозен причина за одговорност, ако се земе во предвид дека потпретседателката на СДСМ никаде нема пријавено дека во своја сопственост поседува јахта, имот кој има многу сериозна вредност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Ова е сериозно нарушување по основ на законите за антикорупција на Република Македонија, кои како за сите политичари, важат и за Радмила Шеќеринска, но уште посериозно нарушување е заради тоа што нема потекло на парите со кои е стекната оваа јахта и целиот нејзин имот.
СДСМ за да го испере луксузот и срамот на Шеќеринска, може колку сака да омаловажува, навредува, води гнасни кампањи, но целата македонска јавност го виде луксузот во кој ужива секојдневно Радмила Шеќеринска.
Јавноста ги виде петте нејзини станови, ги виде кириите од десетици илјади евра кои си ги плаќа сама на себе, ја виде вилата во Маврово, ги виде луксузните џипови и брендирана облека, ја виде приватната вила во која е сместена во монденската Сивота на брегот на Јонското море, ја виде јахтата која плови под грчко знаме и очигледно е во нејзина сопственост. Ете тоа е Радмила Шеќеринска и нејзиниот начин на живот.
Следниот пат кога Радмила Шеќеринска ќе зборува за социјална правда, права на граѓаните, сиромаштијата, треба да се потсетиме дека целиот овој имот нејзе и е заработен само со политика и тоа во време кога 200 000 граѓани останаа без своите работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст