Пред точно една недела излезе од печат збирката раскази „Патникот“ од Борче Грозданов-Пандур која е всушност патешествие меѓу него и неговиот другар, прерано починатиот актер Васил Шишков.
Преку низа анегдотско-хумористични случки во оваа книга сочинета од 14 раскази а издадена од „Феникс“ дознаваме дека Васил ја има онаа душа што ретко кој ја поседува, дека знаеше и да се весели, дека можеше и да се радува, наспроти општо создаденото мнение дека „тој е само еден тажен лик, со кого судбината си поиграла…“. Тоа можеби и да е точно, но секако не е целосната вистина за тоа што му се случуваше на големиот актер, син на уште поголемиот бард, Ристо Шишков.
Сплетките, но и убавите моменти што ги доживеа со авторот на книгата, се едно отворено сведоштво за тоа дека и помеѓу „чудни“ луѓе може да постои искрена конекција и другарство запечатено за навек…
Дека приказната ги содржи и оние тажни елементи ни доловуваат и расказите „Тато и мама“, „Душегрижниците“ и „Смртта“.
Во прозното сведоштво другар му Борче Грозданов зборува и за улогите на Васил Шишков за кои речиси никој никогаш не зборуваше, бидејќи претежно (чест на исклучоци) се занимаваа со нешто друго, односно со тоа како Васил живее лошо.
Но дека тоа не е така посведочува и расказот “Жените# во кој се потенцира харизмата на Шишков, со самата своја појава и умешност за анимација да го освојува срцето на понежниот пол.
-Со ова книже од осумдесетина страници сакам да оставам нешто што ќе биде завештание за едни остварени, полуостварени и неостварени сни. Но, во ова завештание се поместени и моите искрени, весели, малку поинакви дружби од оние за кои знаеја да раскажуваат „душегрижниците“. Мислам дека успеав да оставам една трага која сега веќе никој не може да ја избрише, кусо додава за своето писание авторот Борче Грозданов.
А рецензентот проф. д-р Христо Петрески, како потврда на интенцијата на Грозданов во своето писмо ќе остави:
-Нив ги поврзува театарот но и секојдневието и катадневниот живот. Во кафеаната како културна институција но и на сцената, во фоајето и кулоарите… Секаде кадешто се случуваат и каде што се театарот, културата, уметноста, новинарството, егзистенцијата…
Авторот осознава, подвлекува, опоменува, посведочува, признава, ламентира, оддава признание, и коментира… Ова дело можел да го создаде само некој кој лично и многу добро го познава Васил Шишков но и кој неизмерно го почитувал и сакал!
Книгата „Патникот“ може да се најде во салоните на „Феникс“ по популарна цена од 200 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст