По доаѓањето на Хитлер на власт, во далечната 1933. година, донесен бил закон за забрана на односи меѓу “ариевци” и Евреи. Сепак, такви врски постоеле во Третиот рајх помеѓу најмонструозните луѓе и нивните жртви.
Тоа биле изопачени љубови во изопачено време, за време на владеењето на Нацизмот, во Аушвиц. Тие луѓе правеле сè за да го спасат својот, и животот на своето семејство. Една од нив била Еврејката Хелена Цитронова. Таа работела во складиштето “Канада” во кое се сортирале предметите на осудениците на смрт, пред да бидат пратени во Берлин. Еден ден била одбрана да му пее роденденска песна на командантот Франц Вунш, и со тоа успеала да го заведе. Тој ѝ давал внимание, ѝ праќал колачи и пораки, а таа сето тоа го доживувала со грозење.
– Мислев дека попрво би умрела отколку да бидам во врска со нацист. Долго постоеше само омраза. Не можев ниту да го погледнам – изјавила неколку години подоцна Цитронова, објаснувајќи дека нејзините чувства со време се менувале.
Во еден момент во Аушвиц пристигнала и нејзината сестра со децата, каде ги чекала гасната комора. Тогаш Цитронова ги земала работите во свои раце. Вунш успеал да ја спаси нејзината сестра, но не и децата.
Хелена и нејзината сестра го преживеале Аушвиц, иако нејзината врска со Франц не се развила понатаму. Двете подоцна сведочеле во негова корист за време на воените судења.
– Тој направи нешто прекрасно. Имаше моменти кога заборавав дека сум Еврејка и на крајот го засакав…но тоа не беше реално, рекла Хелена. Таа знаела дека чувствата на Вунш биле силни и искрени, бидејќи константно го ризикувал животот поради неа. Иако била со него само поради ситуациите во кои се наоѓала, сепак на крајот нејзините чувства се промениле.
Инаку, Вунш за време на судењето бил опишан како сурова личност која ги мрази сите Евреи, но сепак не бил осуден. Починал пред шест години. “Се заљубив во Хелена Цитронова и тоа промени. Станав нов човек под нејзиното влијание”, рекол тогаш на судењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.