| четврток, 6 декември 2018 |

Особини со кои жените манипулираат

Насмевката – бројни се истражувањата кои покажале дека мажите ги привлекува насмевката на жената, со која таа кажува за нејзината отвореност, веселост и неоптеретеност. Насмевката е секогаш секси. Да умее да слуша – жената која внимателно го слуша соговорникот е доста привлечна. Едно австралиско истражување покажало дека мажите токму тоа го приметуваат кај жените.

zena sef

Смисла за хумор – секој сака кога некој ќе го насмее и расположи, па така и мажите. Затоа и им се привлечни жените со добра смисла за хумор.

Таквите жени знаат да ги опуштат и насмеат мажите, а тоа е предуслов за добро расположение.
Шега на своја сметка – нема ништо полошо од жена која не умее да се пошегува на своја сметка и која сите работи ги зема премногу лично. Кога жената не се шегува на своја сметка, покажува дека не е критички настроена кон себе, но и кон машкиот пол.

Поглед – Многу мажи сметаат дека жената најдобро заведува со погледот. Има такви кои сакаат таинствени женски погледи, но и такви што ги привлекува нежен и срамежлив поглед. Тоа е говор на телото, кој најмалку може да се одглуми и кој многу говори за карактерот на жената.

Памет – Повеќето мажи сакаат до себе да имаат паметна жена. Иако некои тврдат спротивно, паметот е секси особина кај жената. Паметот е тој кој овозможува жената да биде интересна, интригантна, пристојна, релевантен соговорник и фантазер во креветот. Мажите многу ретко ги привлекуваат жени кои се прегласни и наметливи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top