| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 17 ирачки војници се убиени во напад на ИД во близина на Фалуџа

фалу

Најмалку 17 ирачки војници се убиени, а 15 се повредени денеска во напад на екстремистите на групата Исламска држава (ИД) во близина на градот Фалуџа, кој е под контрола на џихадистите.

Тројца бомбаши-самоубијци се приближиле со воени возила наполенти со експлозив до барикадите поставени кај Фалуџа, по што започнале судири, истакнаа еден полициски и еден армиски офицер.

Ирачките безбедносни сили, поддржани од паравоени единици на шиитите и сунитите, минатиот месец почнаа голема операција за протерување на екстремистите од Фалуџа и другите клучни градови во провинцијата Анбар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top