| четврток, 6 декември 2018 |

Дали ова е приватна јахта на Радмила Шеќеринска?

Според фотографиите кои ги добивме, во заливот во кој се наоѓа вилата во која била сместена заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска, на само 200 метри е позиционирана и јахта под името АДА. Името на оваа јахта е исто како името на ќерката на Радмила Шеќеринска.

1-2

Дали е сосема случајно што името на јахтата е исто како името на ќерката на Шеќеринска ќе треба таа да даде одговор, но за нас е сосема доволно за да поставиме прашање до неа. На следната слика покрај името на јахата се гледа дека таа плови под грчко знаме, што значи дека како сопственост е регистрирана во Грција.

2-2

Луксузот е познат за Шеќеринска. Таа со својот сопруг и неговата фамилија, имаат неколку станови во Скопје и Охрид, имаат вила во Маврово, возат скапи возила и џипови, не штедат на имиџ и облека. Овие слики од одморот само ја оформуваат сликата за тоа како живее едно семејство во убав и луксузен живот. Тоа не е проблем, но е проблем што станува збор за политичар кој многу од тоа сака да скрие од очите на јавноста.

На следните две слики се гледаат сопругот на Радмила Шеќеринска и таа самата како се упатуваат кон јахтата што го носи името на нивната родена ќерка.

3-2

4-2

На следните слики се гледа како Радмила Шеќеринска се качува на приватната јахта.

5

6

7

Ова се фотографии од јахтатa АДА (крстена исто како и ќерката на Шеќеринска), која плови под грчко знаме со своите управувачи и патници од семејството на заменик претседателката на СДСМ.  Јавноста има доволно фотографии од кои  може добро да си расуди дали ова е приватната јахта на Радмила Шеќеринска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top