| четврток, 6 декември 2018 |

„Узбекистан ерлајнс“ освен багажот ги мери и луѓето

Национала авио компанија на Узбекистан одлучила во иднина да воведе мерки и за самите патници заедно со нивниот рачен багаж.

авион

– Целта на оваа мерка  е да се ускладиме со меѓународните норми. Според правилата на меѓународната асоцијација за вооздушен сообраќај, авио компаниите се должни да ги мерат патниците заедно со нивниот рачен багаж заради безбедноста на летот – соопштиле од „Узбекистан ерлајнс“

По бурните реакции на домашните и меѓународните медиуми, „Узбекистан ерлајнс“ го повлекле соопштението од својата интернет-страница.

Тоа не е првата авио-компанија која вовела слична мерка. „Самоа ер“, мала авио-компанија од островската држава Самоа, во 2012 година почнала да применува различен ценовник во зависност од тежината на патникот, потег кој го образложила како борба против дебелината на патниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top