Диетата е одлична за летниот период, а бидејќи трае само три дена, лесно ќе ја спроведете. Нејзината главна компонента е, се разбира, јогуртот, но без грижа, на менито има и други работи кои ќе ви помогнат да бидете сити.
Прв ден
појадок: овошен или обичен немасен јогурт со житарици по желба
ручек: динстан зеленчук на маслиново масло со ориз, зачинет само со малку сол и бибер
вечера: исецкајте еден морков, јаболко и 50 грама сувомеснато, па сето тоа испржете го на маслиново масло, а на крајот на оваа немасна салата додадете и немасен јогурт.
Втор ден
појадок: салата од јогурт и исецкана краставица
ручек: мисиркино месо испржено на маслиново масло, во кое се додаваат исечкани шампињони, домати и пиперки, а за пиење земете јогурт
вечера: две чаши јогурт помешани со бобинки мешано шумско овошје
Трет ден
појадок: помешајте јогурт, сирење , исечкано јаболко и малку сол и бибер
ручек: 150 грама филе од ослич со салата од јогурт, исечкана краставица и малку сенф
вечера: 100 грама варени тестенини, помешани со исечкана пиперка, едно варено јајце и прелиени со јогурт.Со него се започнува и завршува денот, а во меѓувреме дозволени се уште некои нискокалорични намирници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст