| четврток, 6 декември 2018 |

Седум заблуди за здравјето: Ослободете се од нив!

good-girl-happy

Постојат многу предрасуди кои се пренесуваат од генерација на генерација. Дојде време да ги надминеме!

Белите дамки на ноктите се показател за недостаток на калциум.

НЕТОЧНО Тоа не е индикатор за никаков недостаток, туку укажува на мала неправилност во растот на ноктите и не станува збор за сериозно заболување. Кератинот расте во форма на плочки што се прицврстуваат една на друга и ако некои врски се послаби, тоа се манифестира со бела дамка, истакнуваат дерматолозите. Од друга страна, ноктите понекогаш навистина можат да ни дадат информација за општото здравје. Рапавиот нокот или оној што содржи минијатурни алвеоли, во форма на прстени за шиење, може да укаже на псоријаза, алопеција или екзем, предупредуваат лекарите. Карактеристично е тоа што овие знаци се појавуваат осум до десет месеци пред манифестирањето на болеста. Хоризонтална линија во однос на белиот полукруг во коренот на нокотот, укажува на стрес кој го забавил неговиот раст. Ако ви недостасува витамин Ц, нокотот станува вдлабнат наместо да е испакнат.

Санирање изгореници За да ја санираме изгореницата, на неа треба да ставиме путер, забна паста или компир.

НЕТОЧНО Тоа е дури и многу опасно! Не само што не ја смирува болката, која се шири, туку може и да ја инфицира оштетената кожа. Повреденото место првите 15 минути треба да го држите под млаз студена вода за да го сопрете „печењето“. Потоа ставете мрсна газа или гел за изгореници, но ништо друго. Ако површината на изгореницата е поголема и почнат да се појавуваат меури (изгореница од втор степен) веднаш обратете се на лекар. Важно: и многу сериозната изгореница, вклучувајќи ја и онаа од трет степен може да биде сосема безболна, бидејќи страдаат нервните завршетоци.

Го оштетуваме видот кога читаме или пишуваме во полутемница.

НЕТОЧНО Непријатното чувство произлегува од минливиот замор на очниот апарат кој се јавува поради дополнителното напрегање на леќите да се приспособат на специфичните услови, како и поради зголемената функција на мускулите кои го движат окото. Дури и кога гледаме двојно или тројно, физиологијата на леќите, мрежницата и мускулите останува недопрена.

Добро е одвреме-навреме да не се зема пилула за контрацепција, за да се одмори организмот.

НЕТОЧНО Пилулата не предизвикува труење, па паузите се непотребни. Анализите покажаа дека таа штити од ендометриоза (заболување кое се одликува со буење на слузокожата на матката вон нејзината шуплина) и цисти на јајниците. Светската здравствена организација потврдува дека ризиците од канцерогени заболувања кај жените кои употребуваат пилули за контацепција се реални, но и мали. Заклучок: Кај повеќето жени, користа за здравјето е поголема од ризикот.

 

Би требале да го избегнуваме движењето и да лежиме подолго кога нè боли грбот.

НЕТОЧНО Токму спротивното, се советува физичките активности да продолжат, а не треба ни премногу да се стегаат лумбалните прешлени со појас. Предолгиот одмор предизвикува претерано опуштање на мускулите.

Холестеролот не е од витално значење за организмот.

НЕТОЧНО Тој придонесува за градење и одржување на ѕидовите на клетките, како и во синтезата на бројни хормони, особено на сексуалните и витаминот Д. Учествува и во создавањето на жолчните киселини, кои ги варат мастите.

Жените кои живеат и работат заедно имаат менструации во сито време.

НЕТОЧНО Ако поверуваме во ова, тогаш тоа би значело дека сме го смешале човечкото со животинското царство. Сонцето и надворешната температура влијаат врз лачењето на хормоните кај женките. Живејќи во исти услови, женките на животните истовремено се под влијание на иста температура. Значи, жените имаат сосема независни менструални циклуси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top