| четврток, 6 декември 2018 |

Само неколку животни промени ве одвојуваат од совршената кондицијa

women-health-care1
Не го поднесувате одењето во вежбалница? Доста ви е од диетите што не даваат никакви резултати? Дури и да одговоривте позитивно на прашањава, не е се загубено. Подобрување и одржување на доброто здравје се далеку поедноставни задачи отколку што мислите. Доволно е да внесете неколку мали промени во својот живот – и кондицијата ќе ви се подобри. Подобро ќе спиете и ќе имате повеќе енергија, што ќе ви овозможи да ги корегирате останатите сфери во животот.

Спијте 15% подолго

Во просек, луѓето спијат по 7 саати. Вашата цел нека бидат 8 саати. За време на сонот, организмот ослободува лептин – хемиска супстанција што го контролира нивото на мастите со испраќање на сигнал за ситост. Ако, како последица на недостаток на сон, во организмот се јави недостаток на лептин, повеќе ќе јадете. Освен тоа, тој еден час екстра сон не само што ќе ви овозможи намалување или задржување на телесната тежина, туку и ќе ви го зајакне имунитетот.

Зголемете ја разновидноста на продуктите за 20%

Повеќето луѓе секојдневно внесуваат од 10 до 15 продукти, со што на организмот му ги ускратуваме повредните хранливи материи. Затоа, вклучете ги во исхраната новото овошје и зеленчук, пробајте ги новите начини на приготвување на храната. Истражувањата покажуваат дека разновидната храна е најдобар услов за долг и здрав живот.

Смејте се 5% повеќе

Кога уживате во животот, почесто се смеете, а вашиот мозок произведува природни хормони, како што е серотонинот. Благодарение на тоа, ќе имате повеќе енергија, ќе бидете порасположени и ќе размислувате позитивно. Серотонинот исто така произведува и квалитетен сон, ја спречува депресијата и анксиозноста.

Намалете го внесот на солта за 30%

Внесот на големи количини сол во организмот предизвикуваат задржување на течности во ткивата и покачување на притисокот, со што се зголемува ризикот од инфаркт. Експертите препорачуваат максималниот дневен внес на солта да изнесува до 6г. Готовите јадења и сосови, житарките и грицките содржат поголемо количество сол. Затоа треба да го редуцирате внесот на овие продукти и да го проверувате нивниот состав.

Вашата пауза на работа да биде подолга за 6%

Тоа “во превод“ значи три десетминутни паузи за време на работното време. Оддалечувањето од канцелариската маса, односно од компјутерскиот екран, не само што го намалува ризикот од замор на очите, туку и вашите раце, врат, грб и зглобови ќе ви бидат “благодарни“ ако ги раздвижите.

Зголемете ја силата за 7%

Заборавете на велосипедот во теретаната и посветете се на аеробик или на џогинг. Само еден тренинг дневно ќе биде доволен да го зајакнете телото од 5 до 10%. Освен тоа, мускулите се опоравуваат и обновуваат во процесот на согорување на калориите. Тоа значи дека се ослободувате од мрсното ткиво дури и кога седите или спиете.

Намалете ги порциите за 15%

Студиите покажуваат дека повеќето луѓе јадат повеќе ако во чинијата имаат повеќе храна. Внесувањето на поголеми количини калории отколку што објективно е потребно го зголемува ризикот од дијабетис тип2, канцер и срцево заболувања.

Уживајте во сексот 2% повеќе

Три (или повеќе) сексуални односи неделно можат да го намалат ризикот од срцев или мозочен удар за 50%. Поминете 30 мин. – што е рамно на 2% од времето во еден ден – во искажување на љубовта кон партнерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top