Култната американска серија од 90-те години „Принцот од Бел Ер“, со која се прослави Вил Смит и која ја промовираше хип-хоп музиката, ќе добие нова верзија.
Вил Смит и неговата продукциска куќа „Оberbrook Entertainment“ во моментот работат на римејк на популарниот ситком кој од 1990 до 1996 се прикажуваше на американската телевизија Ен-би-си.
Станува збор за „современа семејна комедија“ која ќе биде инспирирана од серијата „Принцот од Бел Ер“, т.е. од ситуација во која ликот доаѓа во непозната средина.
Серијата ќе ја продуцира Вил Смит и неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.
Иако веста не е официјално потврдена, весникот „Хафингтон пост“ предвидува дека главната улога ќе ја има синот на Смит, Џејден, кој на себе го привлече вниманието во акциониот филм „Карате кид“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст