Премиерот Никола Груевски денеска ја посети индустриската зона Ќојлија во која се инвестираат 50.000 евра за изградба на канализациската мрежа.
– Општината инвестира за изградба на водоводна мрежа, улиците се веќе тампонирани, ЕВН во фази пушта струја, така што работите во зоната се одвиваат добро, рече Груевски.
Во самата зона, како што нагласи, повеќе инвеститори работат на своите објекти. – Во завршна фаза е новата фабрика на македонско-австриската фирма „Квенбергер“. Паралелно со неа италијанската инвестиција односно новата болница на Еуроиталија до Нова година се очекува делумно да почне со работа. Тоа ќе овозможи нови вработувања, а болницата се очекува да донесе врвна опрема и дополнителен квалитет во здравственото лекување во Македонија и во наредните години да отвори нови околу 250 работни места, истакна Груевски.
Тој додаде дека Владата ќе ги обезбеди сите потребни процедури за проширување на зоната и отворање можности за влез на нови инвеститори и отворање нови работни места за жителите на Петровец.
Премиерот информира дека досега во општина Петровец се реализирани повеќе проекти, како патот Ржаничино – Таор, Ржаничино – Долно Коњари – Средно Коњари – Горно Коњари и Сушица, патот до излезот на Петровец, патот од влезот до излезот на Ржаничино. Пред две недели заврши и асфалтирањето на делот од регионалниот пат Петровец – Ржаничино. Изградени се фудбалски игралишта во Петровец, Долно, Средно и Горно Коњари, спортско игралиште во Ржаничино, нова трафостаница „Петровец“, нова амбуланта во Катланово, ново училиште „Кочо Рацин“, нова училишна спортска сала и нови тениски терени.
– Во наредниот период ќе ја градиме новата водоводна мрежа за Блок 6 во Ржаничино. За овој проект имаме одобрено 35 милиони денари и наскоро ќе почне реализацијата, рече Груевски.
Додаде дека се издвоени 15 милиони денари за да се асфалтираат улицата од Петровец до гробиштата во Петровец и улицата од Ржаничино до гробиштата во Ржаничино. Овој проект ќе почне да се реализира во наредните неколку месеци.
Пуштена во употреба нова пречистителна станица во Кадино
Премиерот Никола Груевски заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски денеска го пушти во употреба канализацискиот систем и пречистителната станица во населеното место Кадино.
Груевски нагласи дека ова е уште едно од дадените и реализирани ветувања, проект во вкупна вредност од 25 милиони денари со што се решава еден од најголемите проблеми на околу 330 домаќинства од населеното место Кадино.
Покрај реализацијата на овој проект, потенцира Груевски, досега комплетно е изграден системот за канализациска мрежа во Марино, а се работи и на изградба на канализацискиот систем во населбата Илинден.
– Со изградба на овие три системи во Кадино, Марино и Илинден ќе се овозможи одведување на фекалните води од илјада домаќинства со околу 4.000 жители од оваа општина, изјави премиерот Груевски и додаде дека со тоа е направен голем чекор напред во подигнување на квалитетот на живеење во овој регион и полека но сигурно напуштање на стариот систем на фекалните јами.
Министерот Мисајловски информира дека во рамки на проектот за канализациски систем за прифаќање и третман на отпадни води во населеното место Кадино се изградени 65 монтажни шахти и 2.150 метри канализациски цевки.
Според градоначалникот Жика Стојановски, со изградбата на овој сегмент од фекалната канализација кој опфаќа изградба на пречистителна станица со капацитет од 1.250 еквивалент жители и канализациски систем во должина од 3.300 метри се решава проблемот со отпадните фекални води на 330 домаќинства од ова населено место. Пречистителната станица, информира тој, е комплетно автоматизирана и претставува модуларен систем што зафаќа мал простор, има мала потрошувачка на електрична енергија и може да се надградува во согласност со зголемувањето на потребите.
Вкупната вредност на овој проект изнесува 25 милиони денари, од кои 15 милиони денари од буџетот на Општина Илинден и 10 милиони денари средства преку Министерството за транспорт и врски.
Градоначалникот Стојановски искажа благодарност до Владата и премиерот Никола Груевски за поддршката и големиот придонес во развојот на општина Илинден и подобрување на квалитетот на живеење во сите 12 населени места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст