Костумот за капење е еден од омилените летни парчиња. Жените посветуваат многу внимание при изборот на истиот, но исто така би требало да внимаваат и при нивното одржување, за да траат што подолго и за да се сочува квалитетот.
За таа цел во продолжение еве неколку совети за тоа што не треба да му правите на костумот за капење:
1. Не го тегнете – Немојте премногу да го истегнувате и виткате костимот при процесот на сушење, бидејќи кога еднаш ќе се рашири, нема враќање. Костумот за капење никогаш повеќе нема да ја врати старата форма.
2.Не бирајте лоши ткаенини – Понекогаш се трудиме да поминеме поевтино, па бираме костими за капење изработени од премногу тенки и несоодветни ткаенини што многу бргу се оштетуваат. Костумите за капење со висок процент на ликра и еластин ќе ви траат подолго.
3.Не чекајте за да го исперете – Дури и кога сте на одмор и не ви се пере, сепак одвојте малку време. Дури и ако немате средство, исплакнете го со малку топла вода и оставете да се исуши преку ноќ. Со тоа ќе го заштитите и костимот, а и вашето здравје.
4. Не користете силни средства – Користете омекнувач или нежен течен сапун.
5. Не го перете во машина за перење алишта – Секогаш, задолжително секогаш перете го рачно. Истото важи и за сушење. Никогаш не го ставајте костумот за капење во машина за сушење.
6. Не го сушете директно на сонце – Ова е една од најчестите грешки и најлошите работи што можете да му ги направите на костумот за капење. Сонцето влијае штетно и на ткаенината, но и на бојата на костумот за капење.
7. Препознајте кога е време за нов – Колку и да ви е некој костум за капење омилен, сепак доаѓа време кога морате да го фрлите и замените со нов. На крајот на краиштата, нема ништо поубаво од ново бикини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.