| четврток, 6 декември 2018 |

Поставен камен темелник на нова градинка во Петровец

Митевски денеска поставија камен-темелник на новата градинка во оваа општина.

Градинката ќе се простира на 350 метри квадратни, а ќе згрижи 80 деца. Ќе има три занимални, кујна и помошни простории. Вкупната вредност на градинката е 15 милиони денари, од кои 10 се од буџетот на Општина Петровец, а останатите пет од Министерството за труд и социјална политика. Градинката ќе биде готова за два до три месеци.

Премиерот Груевски изрази задоволство што во повеќе места во државата постепено почнува да се јавува потребата за отворање нови градинки.

– Тоа значи дека се раѓаат повеќе деца, дека државата се подмладува и оти ќе имаме на кого да го оставиме сето она што денес го создаваме, рече Груевски.

Тој информира дека во Петровец има доста младо население, па така во 2009 година 15 семејства добиле трето дете, а во 2014 година 38 семејства добиле трето дете.

– Трендовите се менуваат. Работите одат кон подобро. Мерките што се преземаат од Владата даваат резултати. Ваквото покачување е за повеќе од 100 отсто, тоа се одлични показатели. Таквите трендови мора да продолжат и дополнително да се прошират, потенцира Груевски.

Тој додаде дека Владата ќе продолжи да работи и да инвестира во сите сегменти кои се значајни за родителите да се одлучат за трето, четврто или повеќе деца.

– Деца во градинки во Република Македонија во 2006 година имало 15.600 или 9,6 отсто од сите деца што можат да бидат сместени во градинка. Во 2014 година над 35.000 деца се веќе сместени во градинка или тоа е 26,6 отсто. Тоа е сериозен раст затоа што во меѓувреме се инвестира во отворање нови градинки и тој тренд ќе продолжи уште позасилено во иднина. Само летово ова е четврта градинка што почнува да се гради, посочи Груевски.

Тој нагласи дека мерките на Владата за привлекување нови инвеститори, отворање нови фабрики и нови работни места во континуитет придонесуваат за поголемо вработување кај младите. Тоа, како што нагласи, од своја страна значи зголемена потреба за чување на децата, а сето тоа води до гужви во градинките и поголеми листи на чекање за децата.

Министерот Диме Спасов информира дека се целосно посветени на проектот за отворање 40 нови градинки.

– Во изминатите 2,5 години отворивме вкупно 31 градинка. Не застануваме тука, продолжуваме со цел зголемување на бројот на градинки во сите општини во нашата држава ,рече Спасов, кој додаде дека со отворањето градинки се подобрува квалитетот на живот на граѓаните, а родителите ќе можат да ги остават своите деца на сигурно место и слободно да ги извршуваат работните обврски.

Градоначалникот Митевски информира дека на последната седница на Советот одлучиле на сите семејства што примаат социјална помош да им се отпишат во целост натрупаните сметки за комунален смет за последните 10 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top