| четврток, 6 декември 2018 |

Охридски газда нападнал инспектор при претрес на вила

Во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници при СВР Охрид извршен е претрес во вила „Пијано“ лоцирана на улицата “Абас Емин“ во Охрид, и притоа пронајдени се неколку опаковски со бела прашкаста материја.

При претресот Џ.А. (43) од Охрид, кој стпанисувал со вилата, нападнал полициски службеник на кој му побарал да не ги пријавува откриените паковки со прашкаста материја (пронајдени во метална шина од преграда направена од Кнауф). Џ.А. со тупаница го удрил полицаецот во пределот на градите кинејќи му делови од облеката, по што се обидел да ги оштети пронајдените опаковки. Тој бил спречен во намерата да продолжи со физичкиот напад врз полицискиот инспектор кој е пренесен во општата болница во Охрид.

Во врска со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и напад врз службено лице при вршење работи од областа на безбедноста, Џ.А. е приведен и задржан во СВР Охрид а потоа и лишен од слобода. Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Џ.А. веќе е на издржување затворска казна во казнено поправната установа-затвор Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top