Екипите на романскиот тим Динамо Букурешт и француски Сесон се финалисти на 43. Меѓународен ракометен турнир Струга 2015, откако синоќа Бенфика ја совлада Ел Замалек со 34:28 (19:17), што беше одлучувачки Французите да добијат можност да се борат за трофејот.
Со победата Бенфика, каде настапува македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, се избори за дуел против Струмица за бронзениот медал, кој ќе се игра вечер во 19:45 часот на ракометното игралиште „Женска плажа“ во Струга. Натпреварот изобилуваше со многу пресврти во првото полувреме за на одмор да заминат со два позитива за Португалците. Во вториот дел од играта Бенфика имаше целосна контрола на резултатот и направи предност од шест гола 27:21, разлика која ја задржа до крај на натпреварот.
Во вториот дуел синоќа, Динамо Букурешт го совлада Бешикташ во директниот дуел за влез во финале 32:30, иако на полувреме губеше со 14:15. Во вториот дел Романците влегоа во серија од 6:1, кога го вратија водството и го задржаа до крај.
Финалето е закажано за 21:15, за трето место ќе се игра од 19:45, а мечот за 5-тото место меѓу Бешикташ и Ел Замалек е во 18 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст