1. Полначи за мобилни
Речиси и да е навика за поголемиот дел од помладата популација да ги оставаат мобилните телeфони на штекер не сметајќи на тоа дека полначот троши одредена количина на енергија и дејствува како еден вид потрошувач. Можеби тоа се мали количини, ама ако полначот е постојано на штекер приклучен тогаш потрошувачката не е така занемарлива. За тоа колку троши еден полнач на мобилен кога е на штекер, а при тоа да нема приклучен телефон на него не се знае точно, но се смета дека е помалку од 1W на час.
2. Играчки конзоли
Кога се активни играчките конзоли како Иксбокс и Плејстејшн трошат околу 100 вати секој час, додека кога се на стенд бај модот трошат 75 вати. Со оглед дека помладите генерации се тие кои најчесто ги користат повеќе е разбирливо зошто ретко кога се комплетно исклучени.
3. Телевизори и компјутерски монитори
Модерните ЛЦД и ЛЕД телевизори кои денес најчесто ги има низ домовите се доста енергетски поефикасни споредено со касичните телевизори. Без разлика, тие сепак трошат одредено количество на енергија кога се оставени на стенд бај. Кога се на стенд бај модот потрошувачката е околу 1W секој час. Истото што беше кажано за телевизорите важи за компјутерските монитори кои кога не се користат најчесто се на стенд бај модот. Во таков режим тие пак дејствуваат како потрошувачи и трошат не повеќе од 1W. Кај ЦРТ мониторите кои сè уште се користат потрошувачката на електрична енергија кога се на стенд бај модот е неколку пати поголема.
4. Рутер
Добар дел од корисниците на интернетот користат рутери за споделување на интернетот со други копјутери. Рутерите, исто така како и модемите, речиси да не се исклучуваат, без разлика на тоа што често нема потреба да работат. Со самото тоа што би се исклучувале касно навечер кога сите спијат и преку денот кога сите се излезени е едноставен, но ефективен начин да се намали од големите сметки за струја. Сè што беше кажано за модемот важи и за рутерот.
5. Модем
Денес речиси и да нема некој да не користи интернет во Македонија. Институции, компании, производни погони, домаќинства речиси сè е поврзано на интернет преку разни видови конекции и со еден уред кој е заеднички за сите – модем. Модемот е уредот без кој не се може на интернет и кој речиси и да не се исклучува од напојување. Веројатно единствено кога модемот е исклучен е кога ќе снема електрична енергија. Иако тој е еден од уредите кои најмалку троши, сепак тој работи постојано, иако во добар дел од денот не се користи. За пример, поголемиот дел од ноќта кога сите спијат или преку денот кога сите се на работа и на школо нема никаква потреба тој да работи. Сепак реалноста е дека ретко на кого му текнува да го исклучи модемот.
Извор: Eкономија24
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.