Вчеравечер околу полноќ се случила сообраќајка на влезот на Автокоманда кај бензиската „Лукоил“. До несреќата дошло кога црн автомобил „БМВ“ удрил во просторот меѓу двете коловозни ленти, по што почнал неконтролирано да се врти, за на крај да заврши во банкината.
Полицијата изврши увид. Засега нема информации за повредени лица.
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.