| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска пренасочување на автобуските линии 65В и 23

Град Скопје соопшти дека денеска поради реконструкција и проширување на улица „Маџари“, и тоа од крстосницата со улица „Јужноморавски бригади“ и улица „Антон Попов“ (старо Методија Андонов Ченто) до крстосницата со улица „Финска“, ќе бидат пренасочени автобусите 65В и 23.

Автобусите кои ја опслужуваат автобуската линија бр.„65В“, наместо по својата траса улица „Маџари“ продолжуваат по улица „Антон Попов“ се пренасочуваат по улица „Финска“ и продолжува по својата траса. Автобусите на автобуската линија бр.„23 се движат по улица „Маџари“,се пренасочуваат по улица „Финска“ и продолжуваат по улица „Антон Попов“ по својата траса. Истите траси ќе се користат и во обратна насока.

При измена на трасите ќе се користат постоечките автобуски стојалишта. Од Град Скопје истакнуваат дека сите учесници во сообраќајот треба да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја прилагодат на условите на патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top