| четврток, 6 декември 2018 |

„Флај Емирати“ ќе го направи најдолгиот лет во светот, меѓу Дубаи и Панама Сити

„Флај Емирати“ следната година ќе го направи најдолгиот лет во светот, меѓу Дубаи и Панама Сити.

fly-emirates-540x320

Од 1 февруари 2016 година Боинг 777-200LR кој може да превезе 266 патници ќе лета на долги 13.821 километри, соопшти компанијата.

Летот би требало да трае 17 часа и 35 минтуи.

– Панама Сити ќе биде наш влез во Средна Америка и е одлично решение за патниците кои патуваат од или преку нашето седиште во Дубаи и натаму кон одредиштата во Средна Америка, Карибите и северниот дел на Јужна Америка, рече извршниот директор Ахмед бин Саед ал-Мактум.

Летот е 17 километри подолг од моментално најдолгиот лет на австралиската компанија „Квантас“ меѓу Сиднеј и Далас.

„Сингапур ејрлајнс“ во 2013 година заради финансиски причини откажа 15.344 километри долг лет меѓу Сингапур и Њуарк во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top