| четврток, 6 декември 2018 |

Јужна Кореја загрижена поради бројот на дебели тинејџери

Јужнокорејското Министерство за здравство денеска издаде прилично алармантно соопштение во врска со дебелината на младата, посебно на машката популација во таа држава.

14082015164435_korea1

Според прецизната статистика, што е карактеристична за сите области од животот на јужниот дел на Корејскиот полуостров, над 4,2 проценти на мажите од оваа држава меѓу 20 и 30 години имаат над 30 посто повеќе килограми од нормалните, а ако оваа тенденција продолжи до 2020 година, секој седумнаесетти човек на таа возраст со претераната дебелина ќе го доведе во сериозен ризик своето здравје.

Министерството за здравство соопшти дека Јужнокорејците во 2011 година потрошиле над 2,65 милијарди долари за третмани за слабеење или лечење болести што ги предизвикува прекумерната тежина.

Јужнокорејските власти ги загрижува и податокот дека меѓу гојазните луѓе преовладуваат припадниците на слојот со помали приходи. Позагрижувачко, според нив, е тоа што на 1 август годинава се регистрирани 410.000 жители на возраст меѓу 20 и 30 години, кои се без работа, или не се школуваат. На таа категорија и се заканува најголемата опасност од претерано зголемување на тежината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top